Три лица се затрупани во одрон на карпи по силно невреме во регионот Грисонс во југоисточна Швајцарија, а една жена е спасена изутрината во близина на селото Лостало северно од езерото Комо, соопшти денеска регионалната полиција.
Туристичкото место Цермат на Матерхорн на швајцарските Алпи е отсечено од светот поради опасност од поплави, а властите се уште трагаат по три исчезнати лица, пренесува порталот Регион.
Особено тешко погодена е долината Месолчина јужно од преминот Сан Бернардино на италијанската граница, соопштија локалните власти и потврдија дека неколку десетици луѓе се евакуирани од своите домови како мерка на претпазливост, предупредувајќи дека локалните патишта се поплавени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
Post a Comment